1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Руски спортисти манипулирале со гасот ксенон?!

АТ/ дпа25 февруари 2014

Домаќинот на ЗОИ во Сочи беше и најуспешниот олимписки тим со освоени 33 медали. Но, дали руските олимпијци резултатите ги постигнаа само со дозволени средства? Според ВДР, рускиот спорт користел недозволени методи.

https://p.dw.com/p/1BFBn
Фотографија: picture alliance/Andreas Franke

Руски спортисти, според информации на државната германска радио-телевизија ВДР во Сочи и на претходни Олимписки игри ги зголемувале своите потенцијали со досега непозната метода. Емисијата на ВДР „sport inside“ во понеделникот вечерта (24.02) ја пренесе информацијата дека станувало збор за инхалација на ксенон. Овој благороден гас, според меѓународно признати студии предизвикувал продукција на хормонот Erythropoetin (EPO) во телото.

Користењето на EPO во спортот е забрането и се смета за допинг. На листата со забрани на Светската анти-допинг агенција (WADA) се наоѓаат и не-терапевтската употреба на фармаколошко- влијателни супстанции како и вештачка размена на кислорот.

Спроед информации на ВДР во рускиот тим со години се користел ксенонот. Министерствата за спорт и за одбрана во документи препорачувале употреба „со цел зголемување на потенцијалот на спортистите“, и поради тоа што гасот „од страна на ВАДА не бил надгледуван“.

За ксенонот како средство за зголеување на потенцијалите во спортот, контролорите досега немаат сознанија. Исто така инхалацијата на овој благороден гас неможе да се докаже со тестовите за борба против допингот кои се користат во моментов, вели аналитичарот Марио Тевис од контролната лабораторија во Келн за ВДР.

Европските научници го испитуваа влијанието на хсенонот на животни. „Во рок од еден ден, во рок од 24 часа, продукцијата на ЕРО од факторот 1.6 се покачи на 160. Тоа е значително покачување“, смета Тевис. Било многу веројатно „тој кај луѓето да го има истото влијание“.

Претседателот на Светската анти-допинг агенција (WADA) Крег Реди вети дека итно ќе се преземат мерки. „Нашата Комисија, која ја надгледува листата со забрани, брзо ќе се занимава со оваа проблематика. Веќе на следната седница по Олимпијадата ќе се третира темата инхалација на гас“, изјави Шкотланѓанецот.