Руската државна телевизија пуштила снимка на отворањето на Олимпијадата
8 февруари 2014Таа сцена беше кон почетокот на отворањето на Олимпијадата. Тогаш од снегулки требаше да се отворат петте олимписки прстени. Поради технички проблем, еден од прстените не се отвори. Домаќинот на преносот, телевизискиот канал Русија 1, пуштила снимка од генералната проба, каде сите прстени се отворени.
Креативниот директор на церемонијата Константин Ернст рече дека не постоела намера да се сокрие фактот дека не сите гигантски снегулки се претворија во прстени, како што било планирано. Тој инсистира дека малата грешка не го расипа шоуто, кое се проценува дека глобално го следела публика од три милијарди луѓе.
„Веројатно никој не би помислил дека тоа што една снегулка не се претворила во прстен ќе го натера некого да не ја гледа церемонијата“, додаде Ернст. „Глупаво е да се фокусирате на оваа снегулка. Луѓето гледаа шоу, а не само една снегулка како се претвора во прстен“, додаде тој.
„Кога станавме свесни, неколку секунди пред да се случи тоа, дека прстенот нема да се појави, веднаш го известивме репортажното возило на рускиот канал и тие искористија снимка што беше снимена претходно, каде прстените правилно се отвораат“, објасни Ернст. „Ова е јавна тајна и ние не се обидовме да го прикриеме тој факт“, додаде тој.
Продуцентот на гламурозниот проект „Свечено отворање“ Наталија Васиљева изјави дека таквиот потег е логичен, поради тоа што било важно да се запази сликата за Олимписките симболи.
Церемонијата на отворање на Олимпијадата во Сочи беше патување низ руската историја. Таа беше дизајнирана за да ја „покаже Русија од поразлична перспектива“. Како резултат на владеењето на Советскиот сојуз, Русија „не е третирана соодветно од остатокот од светот“, смета Ернст.
„Најголем дел од луѓето не очекуваа толку софистицирано шоу од нас. Не сакаме да се фалиме, ама ова е навистина иновативна, оригинална церемонија на отворање“, додаде нејзиниот креативен директор.