Жителите на Мајданпек, во источна Србија, живееле отсекогаш покрај рудник. Но, откако рудникот го има купено кинеската компанија Зиџин, ископувањата се интензивирани, а со тоа и експлозиите кои ја уништуваат животната средина. Активисти, кои сакаат да ја заштитат планината од натамошни ископувања, со денови кампуваат на врвот на Старица, кој полека исчезнува.