Ретка Дизни-аукција
9 декември 2016Реклама
Водечката американска аукциска куќа за документи, фотографии, писма или манускрипти „Profiles in History“ нуди 600 сведоштва на хартија.
Брајан Ченсис од „Profiles in History“ вели:
„Меѓу најважните се вбројува документот од 1953 година дека Волт Дизни во основа си ја продал употребата на своето име на корпорацијата „Волт Дизни“, која ја почнува Дизни-империјата. Предпродажната проценка се движи од 60 до 80 илјади долари само за тој документ. Ја имаме и последната желба на Волт Дизни и тестаментот од 1941 година, со проценета вредност од 40 до 60 илјади долари“.
Дизни коосновал студио за анимација во 1923 година. Почина во 1966 година, на 65-годишна возраст. Компанијата „Волт Дизни“ денес е една од топ-играчите во Холивуд.