Религијата во образованието тема на конференцијата во Охрид
27 октомври 2007Реклама
Религијата во образованието и нејзината улога во трансформацијата на општеството е една од темите на која денеска дискутираат учесниците на вториот ден од меѓурелигиската конференција во Охрид. Амбасадорот на ЕУ Ерван Фуере на оваа тема изјави дека “политиката не може да се практикува без етика и дека овој збор треба да ги инспирира светските водачи”. Во оваа прилика Фуере нагласи дека ”Сега има единствена шанса да се стабилизира балканскиот регион на патот кон евроинтеграција и да се прошират границите на стабилност”. На конференцијата се дебатира и за придонесот на заедничките вредности на различните религии и култури за иднината на човештвото