1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Реизборот на Мушараф на изборите во Пакистан важи за сигурен

6 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BnF5

Во Пакистан денеска се избира претседател. Повторниот избор на актуелниот претседател, Первез Мушараф, во двата дома на националниот парламент важи за сигурен. Со оглед на тоа што Мушараф е и шеф на армијата, уставниот суд решава околу неговата кандидатура. Се‘ додека судот не ја објави својата пресуда, што се очекува за десетина дена, победникот на изборот за претседател не смее да се објави. Мушараф вети дека во случај да биде реизбран ќе се откаже од функцијата шеф на армијата.