Режисерот на Титаник се спушти во најголемите морски длабочини
26 март 2012Режисерот на „Титаник“ и „Аватар“ се спушти на оваа длабочина во водите на океанот користејќи ја специјално дизајнираната подморница „Дипси Челенџер“. Камерон планира да помине шест часа истражувајќи и снимајќи ја Маријанска бразда, зоната која се наоѓа 320 километри југозападно од пацифичкиот остров Гуам. Пред него, ваквиот потфат им успеал само на швајцарскиот инженер Жак Пикар и американскиот поморски офицер Дон Волш, кои во 1960 година минале 20-тина минути на истата точка, но не успеале многу да видат бидејќи нивната подморница собирала премногу песок од морското дно.
Џејмс Камерон уште од детство е страстен љубител на океанографија и веќе 72 пати се симнувал на големи длабочини, од кои 33 пати се спуштал до остатоците на „Титаник“ за потребите на својот филм, снимен во 1997 година.