1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Реал и Челзи рутински до четвртфиналето

БГ/макфакс19 март 2014

Фудбалерите на Реал Мадрид и Челзи рутински изборија пласман во четвртфиналето во Лигата на шампиони, откако во реванш дуелите ги совладаа германскиот Шалке и турскиот Галатасарај.

https://p.dw.com/p/1BSBg
Фотографија: picture-alliance/dpa

Челзи со 2:0 го совлада Галатасарај, а турскиот тим во ниту еден момент не ја оспори победата на ‘сините’. Ето уште во четвртата минута го отвори резултатот, кога го реализира додавањето на Оскар, а во финишот на првото полувреме Кејхил го постави конечниот резултат. Турскиот тим во текот на мечот немаше ниту шут во рамките на противничкиот гол. Првиот меч во Истанбул заврши нерешено 1:1.

Реал Мадрид го победи Шалке со 3:1 и со вкупни 9:2 се пласира меѓу осумте најдобри во Европа. ‘Кралскиот клуб’ стигна до предност со голот на Роналдо во 22.минута, но десет минути подцна Хогланд ја искористи ношалантноста во одбраната на Реал и израмни на 1:1.

Реал победникот го реши во второто полувреме кога најпрвин Роналдо погоди за 2:1, а потоа Мората ја потврди победата.

Претходно пласман во четвртфиналето изборија Барселона, Атлетико Мадрид, Баjерн Минхен и Пари Сен Жермен.

Последните две екипи кои ќе играат во четвртфиналето ќе бидат познати во среда, кога реванш натпреварите од осминафиналето ќе ги одиграат Борусија и Зенит (4:2), односно Манчестер Јунајтед и Олимпијакос (0:2).