1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Реакции на победата на Хамас

27 јануари 2006

Победата на Хамас кај добар дел од меѓународната заедница предизвикува загриженост, пред се заради иднината на мировниот процес

https://p.dw.com/p/AcXE
Симпатизери на Хамас
Симпатизери на ХамасФотографија: AP

САД јасно дадоа до знаење дека нема да поддржат палестинска власт која ќе работи против нивните сојузници од Ерусалим.

„Многу јасно дадов до знаење дека САД не поддржуваат политички партии кои сакаат да го уништат нашиот сојузник Израел. Тие луѓе мора да се откажат од тој дел во нивната платформа„ рече американскиот претседател Џорџ Буш

Со сличен тон е и реакцијата од британските власти. Премиерот Тони Блер во првичната реакција нагласи

„ Тие мора да се одлучат меѓу патот на демократија или патот на насилство„

Генералниот секретар на ОН Кофи Анан предупреди дека во демократските процеси нема место за оние кои употребуваат оружје:

„ Секоја група која сака да учествува во демократските процеси мораат безусловно да се разоружат, бидејќи да се носи оружје да се учествува во демократскиот процес и да се седи во парламентот, тоа се фундаментални спротивности„

Властите во Ерусалим секако се загрижени од неочекуваниот резултат на изборите. Доцна синоќа вршителот на должноста премиер Ехуд Олмерт свика итен состанок.

„ За нашите и за нивните деца Хамас мора да биде запрен. Палестинскиот народ мора да свати дека треба да ја оттфрлат политиката на терор и ликвидирање на Израел. Доколку тоа го сторат ќе има мир, во спротивно ќе мораме да се браниме„ рече лидерот на партијата Ликуд Бенјамин Нетанјаху

„ Ние се справуваме со организација која во минатото беше предводник на ширењето на терористичката мрежа низ светот. Тоа секако предизвикува аларм во Израел„ изјави Доре Голд претседател на центарот за јавни работи во Ерусалми

Генералниот секретар на Арапската лига Амр Муса смета дека мора да се живее со резултатот од изборите:

„ Доколку Хамас формира влада, тие ќе мораат да ги преземат одговорностите на владата, вклучувајќи се разбира и создавањето мир„