1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Расчистен бегалскиот камп Идомени

СН/ртр/дпа/афп26 мај 2016

Испразнувањето на дивиот бегалски камп кај Идомени на македонско-грчката граница е завршено, соопштија денеска грчките власти

https://p.dw.com/p/1IutV
Фотографија: Getty Images/AFP/D. Lambropoulos

„ Операцијата за расчистување на кампот кај Идомени е завршена“, изјави денеска грчкиот министер за цивилна заштита Никос Тоскас за грчката државна телевизија ЕРТ. репортерите на светските медиуми од теренот известија дека на теренот кај Идомени повеќе не може да се види ниту еден бегалец.

Истотака и важната железничка линија кон Македонија е расчистена од шаторите и сметот, јави грчката телевизија.

Грчката полиција без употреба и насилство неочекувано брзо и ефикасно го расчисти кампот, кој долго време важеше за трагичен симбол на европската политика кон бегалците. Голем број од илјадниците бегалци и мигранти во Идомени се префрлени во организираните прифатни центри во внатрешноста на Грција, додека дел од нив на своја рака го напуштија кампот во надеж дека некако самите ќе успеат некако да ја преминат границата кон Македонија. Како што најавија грчките власти, полицијата ќе остане на теренот уште некое време.

Погледнете го видеото снимено во раните утрински часови на денешниот последен ден од дислокацијата на кампот кај Идомени:

Речиси празен кампот кај Идомени