Расте популарноста на Ангела Меркел
7 јануари 2006Ангела Меркел е добра канцеларка. Ова мислење според анкетата спроведена од страна на институтот за политика инфратест Димап го делат 60% од граѓаните на Германија. Пред само еден месец 49% од германците веруваа во способностите на Меркел. Интересно е што анкетираните, кои сметаат дека Меркел е добра канцеларка се од различни општествени слоеви и политички партии. Така на пример речиси 90% од бирачите на ЦДУ, околу 50% од СПД и дури 55% од партијата на Зелените сметаат дека Ангела Меркел добро ја врши својата работа. Таа се наоѓа на прво место на списокот најомилени политичари во Германија.
Зад неа е новиот шеф на социјалдемократите Матијас Плацек. Тој и Ангела Меркел пораснале во Источна Германија. На трето место е министерот за внатрешни работи Волфганг Шојбле. На дното, со 19% од гласовите е во моментов не многу омилениот премиерот на созјуаната покраина Баварија Едмунд Штојбер. Позитивен е и примерот на шефот на германската дипломатија. Уште во Декември минатата година Франк Валтер Штајнмаер и беше релативно непознат на широката јавност. За него никој немаше никаков став. Познат беше само фактот дека тој беше шеф на кабинетот на Герхард Шредер. Сега за разлика од порано него го познаваат двојно повеќе германци.
42% од граѓаните на Германија се задоволни од работата на големата коалиција, иако постојат бројни критики на сметка на влаата. Во споредба со претходната црвено зелена колаициона влада, кога задоволни беа само 25%, новата црно црвена влада на демохристијаните и социјалдемократите е поприфатена
Кога утре би се одржале нови избори, победата би им припаднала на демохристијаните и тоа со 39%, или 8% повеќе од социјалдемократите, покажуваат резултатите од најновото истражување на институтот за политика инфратест Димап