Рапиден пораст на самоубиствени атентати во Авганистан
9 септември 2007Реклама
Во Авганистан минатата година рапидно порасна бројот на самоубиствени атентати – од 17 во 2005-та, на 123. Само во првата половина на годинава се извршени 77 такви напади. Според една студија на ОН, голем дел од самоубиствените атентати е извршен од млади Авганистанци, заврбувани и обучувани во Пакистан. Мотив на атентаторите често пати била одмазда за смрт на цивили при воените акции против талибанците.