1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ракетен напад врз Израел од Либан

БГ/миа/бета14 јули 2014

Од териториите на јужен Либан во понеделникот биле истрелани ракети врз Израел по што следел жесток артилериски напад од страна на Израел, соопштија безбедносни функционери од двете земји.

https://p.dw.com/p/1CcQ7
Фотографија: DAVID BUIMOVITCH/AFP/Getty Images

Од петокот ова е трет ракетен напад врз Израел од териториите на Либан. Израелскиот полициски портпарол истакнал дека немало извештаи за штета и жртви од ракетите кои биле лансирани од либанска територија и дека до сега никој не презел одговорност за овој напад. Нападите од Либан се случуваат паралелно со офанзивата на израелските воени сили во појасот Газа, во која, според информациите на палестинските претставници, загинале повеќе од 170 лица. Палестинските организации лансирале стотици ракети врз Израел во текот на најавените судири.

Израелскиот воен портпарол, бригадниот генерал Моти Алмоз, ракетните напади од Либан ги поврзал со нападите во Газа.

Јужен Либан е упориште на шиитски Хезболах, а во 2006 година војуваше со Израел повеќе од еден месец. Оваа организација изразува рутинска подготвеност за нови судири со Израел но аналитичарите велат дека сега сака да ги избегне бидејќи нејзините борци се ангажирани во сириската граѓанска војна на страната на сирискиот претседател Башар Ал Асад.

Израелската армија денеска соопшти и дека соборила едно беспилотно летало кое се движело покрај јужниот брег на Израел. Ова е првпат израелската армија да е соочена со беспилотно летало, чие потекло се уште не е утврдено.