1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Разубавени“ податоци за потрошувачката на гориво

Геро Ројтер/сн2 март 2016

Автомобилите стануваат се поштедливи и се поеколошки- така барем се верува кога се гледаат рекламните ветувања на производителите. Но тие во Европа се често лажни ветувања. САД постапуваат поинаку.

https://p.dw.com/p/1I5N9
Фотографија: Colourbox

Организацијата Германска помош за заштита на животната средина (ДУХ) ги обвинува производителите на автомобили за измама и при податоците за потрошувачка на гориво и на емисии на јаглерод-диоксид. Врз што се заснова ова обвинение? ДУХ прегледа модели кои биле најпродавани во Германија во минатата година и податоците од проспектите на автоконцерните ги спореди со реалните податоци за потрошувачката на гориво од сопствениците на возила.

Птреку 40 насто повеќе гориво и ЦО2 отколку во проспектите

Резултатот гласеше: потрошувачката на гориво на 182 нови возила во 2015 година беше во просек за 42 насто поголема отколку онаа наведена во проспектите на производителите. Кај десетте модели кои биле во фокусот на истражувањето, возилата на улица трошеле меѓу 25 и 52 насто повеќе гориво и емитирале повеќе ЦО2.

Меѓунродниот совет за чист транспорт (ИЦЦТ) , кој преку своите истражувања ги разоткри манипулациите со емисиите на гасови кај дизел моторите, истотака ги критикуваше нереалните податоци на авто-производителите. Во една студија ИЦЦТ провери податоци од половина милион возила и утврди дека потрошувачката на гориво и емисиите на јаглерод-диоксид кај новите возила во ЕУ во 2014 година биле околу 40 проценти поголеми отколку наводите на производителите.

Впечатливо, според ИЦЦТ е зголемувањето на разликата меѓу податоците од проспектите и реалната потрошувачка во последниве години. Така во 2001 година новите возила на улица во просек трошеле само околу осум проценти повеќе гориво отколку што било наведено од производителите.

Informationen beim Autohändler zu CO2 Emissionen Kraftstoffverbrauch
Фотографија: DW/G. Rueter

Точни податоци по тужбите во САД

Меѓутоа разлика меѓу наводите на производителите и реалноста не мора да има- и тоа се покажува во САД. Според податоците на ДУХ таму потрошувачката на улица е само за околу два процента поголема од наведената во проспектите.

Причина за ваквите податоци блиски до реалноста се законите и контролите во САД. Во 2012 година организацијата за заштита на потрошувачите Consumer Watchdog покрена збирна тужба против авто-производителите Хјундаи и Киа зашто нивните возила трошеле многу повеќе гориво отколку што било наведено во проспектите.

Consumer Watchdog успеа да издејствува обесштетување од стотици милиони долари за 900 илјади сопственици на автомобили, корекција на податоците за потрошувачка во проспектите и воведување на независен тест со кој американските власти ги контролираат податоците од проспектите.

Покрај тоа јужнокорејските автоконцерни мораа да платат казна од 300 милиони долари на американската служба за заштита на животната средина - ЕПА. „Правото на американскиот потрошувач, заеднички во групни тужби пред суд да се избори за своите интереси наспроти оние на производителите е единствениот пат, луѓето да се заштитат од измамите на авто-производителите“, вели хави Росенфил од Consumer Watchdog.

Според наводите на ДУХ уапдливи биле и податоците за потрошувачка на гориво на БМВ, Форд и Дајмлер и под притисок на американските власти биле коригирани.

Testvorrichtung für Abgasrest im Realbetrieb Real drive emissions RED
Фотографија: Axel Friedrich

Контроли наскоро и во ЕУ?

Здружението на германската автомобилска индустрија (ВДА) и натаму не гледа причина муштериите и властите во Европа да ги информира со реалистични податоци за потрошувачката на гориво. И од германското министерство за сообраќај досега нема никакви назнаки како купувачите на автомобили во моментов можат да бидат заштитени од лажните податоци за потрошувачка на гориво.

Многу разлутено поради нераелистични наводи за потрошувачката на гориво и емисиите на ЦО2 меѓутоа е германското Министерство за заштита на животната средина. „Контролите досега беа премногу благи и производителите мора да дадат реалистични податоци, тоа е предвидено со закон и кон тоа треба да се придржуваат“, се вели во министерството.

Infografik CO2-Ausstoß von neuen PKW in Europa Deutsch

Шефот на ДУХ, Јирген Реш за Германија,според американскиот пример, бара подобрени можности за поднесување тужби од страна на сопствениците на автомобили и еколошките и здруженијата на потрошувачи, за да може судски да се издејствува делотворна заштита на потрошувачите од „ лажните податоци за потрошувачка на гориво и емисии на ЦО2 и останати штетни гасови“.

Освен тоа Реш смета дека се неопходни независни надзорни и котролни служби како ЕПА во САД, кои податоците на производителите ги проверуваат и ги објавуваат резултатите од испитувањата.

Според него, одговорната институција во Германија, Сојузниот завод за моторни возила, целосно потфрлил во однос на тоа зашто негува блиски односи со автоиндустријата и не ги објавува резултатите од тестовите на новите автомобили. „Конечно ни е потребна служба, која контролира и спроведува делотворни санкции“, истакнува Реш.