Путин: Оставете ги децата намира
18 јануари 2014Рускиот претседател Владимир Путин ја бранеше забраната на т.н. „пропаганда на хомосексуалноста“. „Нема забрана на нетрадиционалните форми на сексуални односи меѓу луѓето. Ние имаме само забрана на пропагирање на хомосексуалност“, рече Путин на средбата со младите доброволци, кои ќе бидат ангажирани во Сочи за Олимписките игри.
На хомосексулаците претседателот им вети дека нема да бидат прогонувани за време на ЗОИ во Сочи. „Тие можат слободно да се чувствуваат опуштено“, рече тој, за потоа да дополни: „Но, ве молам, оставете ги децата на мира“. Дека хомосексуалноста и педофилијата не се исто и дека хомосексуалците не се автоматски педофили, тој меѓутоа не наведе.
Рускиот закон против „Пропаганда на хомосексуалноста“ предизвика меѓународна критика. САД демонстративно номинираа повеќе познати хомосексуалци за делегацијата, која ќе ја испратат на Олимписките игри. Во вторникот 27 носители на Нобелова награда во писмо до Путин ја критикуваа дискриминацијата на хомосексулаците. Комесарката за внатрешни работи на ЕУ Сесилија Малмстром, пак, при нејзината последна посета на Москва критикуваше дека забраните со кои се соочуваат хомосексулаците претставуваат опасност за човековите права.