Путин: Можен референдум за враќање на Сталинград
7 јуни 2014Можноста за одржување референдум Путин ја најави вчера (6.06.), одговарајќи на прашање на еден воен ветеран на маргините на одбележувањето на 70-годишнината од почетокот на истоварувањето на сојузничките сили во Нормандија, Франција.
Сталинград, каде нацистичка Германија го доживеа најголемиот пораз од советската војска во Втората светска војна, го доби името Волгоград во 1961 година. Советскиот сојуз одбиваше да се создава личен култ од диктаторот Јосиф Сталин.
Кај локалното население се појавија различни реакции кога локалните власти минатата година одлучија да го користат старото име на градот во натписите поврзани со војната. Името на Сталин и натаму е спорно за многу Руси.
Советската победа кај Сталинград претставува пресвртница во најголемиот воен судир во историјата.