1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Путин вети дека ќе влијае врз сепаратистите

Александар Методијев/афп/ројтерс/миа/дпа22 јули 2014

Рускиот претседател Владимир Путин вети денеска дека ќе стори се’ што е можно за да влијае врз проруските сепаратисти во источна Украина и да помогне да се спроведе целосна истрага за падот на малезискиот авион.

https://p.dw.com/p/1CggA
Фотографија: Reuters

„Русија ќе направи се’ што е во нејзина моќ за целосна, длабинска и транспарентна истрага“, рече Путин на средба со Рускион национален совет за безбедност. „Побарано е од нас да влијаеме врз милитантите на југоистокот (на Украина). Секако дека ќе направиме се’ што е во наша моќ“, рече Путин.

Изјавата дојде во моменти кога во Брисел се дискутираше за конкретна листа на можни нови санкции за Русија. Дипломати од Брисел велат дека конкретна одлука за тоа денеска нема да биде донесена. Нова одлука би требало да има в четврток.

Министрите за надворешни работи од ЕУ во Брисел разговараат за одговорноста за падот на малезискиот авион минатата недела во Украина. Тие денеска одобрија испраќање на цивилна мисија во Украина. Таа треба да им помогне на властите во Киев да го реформираат секторот на цивилна безбедност, а во најголема мера полицијата. Мисијата почнува со буџет од 2,68 милиони евра, кои се наменети за правата фаза, која ќе трае до ноември. Предвидено е седиштето на мисијата да биде во Киев и да трае две години.

Во меѓувреме одлучено е и меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ во Украина да биде продолжена за уште шест месеци до март 2015 година. Сите земји-членки на ОБСЕ, вклучително и Русија и Украина, ја поддржаа одлуката за обнова на мандатот на невооружените набљудувачи. Во моментов во Украина има 227 набљудувачи на ОБСЕ од 41 земја, кои информираат за безбедносната ситуација на истокот на земјата. Тие во име на меѓународните истражители преговараа со бунтовниците за дозволување пристап до остатоците од малезискиот авион.