1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Птичји грип - критиките за насоодветна реакција на властите

20 февруари 2006

Преговорите за статусот на Косово исто така тема во денешните изданија на германските весници

https://p.dw.com/p/Ae9i

„Европската Унија сега повнимателно ќе набљудува дали Германија ги извршува домашните задачи, во спротивно се заканауваат ограничувања за извоз на живина. Засега промашената генерална проба на Риген за некој можен сегермански аларм против птичји грип има и добра страна: таа може и мора да служи како застрашувачки, но многу поучен пример. Зашто, опасноста расте. Наскоро ќе започне походот на дивите птици-преселници кон Германија. Риген нема да остане осамен случај. Придржувањето кон мерките на претпазливост, посебно обврската птиците да се чуваат во затворен простор, сега мора ригорозно да се почитува“ – оценува Реклингхаузер цајтунг“.

„Лајпцигер Фолксцајтунг“ острицата на критиката ја насочува кон реакцијата на надлежните власти:

„Независно од тоа дали навистина се потребни специјалисти за атомско, билошко и хемиско оружје во борбата против пцовисаните лебеди – кризниот менаџмент на Риген и самиот е катастрофа. Единственото што во мешаницата на компетенциите функционира како подмачкано, е играта со подметнувањето на Црниот Петко“.

Весникот „Рајнпфалц“ од Лудвигсхафен коментира:

„Воопшто не е толку одамна, кога политичарите, властите а и медиумите во Германија се потсмеваа поради архаичните методи со кои Турците и Романвците се обидуваа да го сузбиваат птичјиот грип. Во меѓувреме се покажува дека на сите добро би им прилегала малку поголема воздржаност. Зашто, од вторникот вечерта, кога за прв пат беше докажан вирусот на живинската зараза Х5Н1 на островот Риген, и овде кај нас веќе не може да станува збор за целесообразно постапување“.

Со поглед врз почетокот на преговорите за Косово, „Штутгартер цајтунг“ пишува:

„Речиси седум години сите држави ангажирани во регионот применуваа тактика на нојот, надевајќи се дека на кој и да е начин ќе се релаксира ситуацијата во српската покраина, дека кога и да е косовските Албанци и Србите меѓуссебно ќе ги решат работите. Меѓународната заедница го замрзна проблемот по бомбардирањето во 1999-та и сега конечно дојде до согледување дека вака веќе не оди понатаму“.

Кај преговорите станува збор за повеќе, отколку само иднината на Косово, во прашање е безбедноста на целиот регион, смета коментаторот на „Зиддојче цајтунг“.

„Меѓу аспирациите на косовските Албанци и нивните изгледи се’ уште лежи широк јаз. Токму на Балканот, каде етничките и државните граници не се поклопуваат, постои опасност признавањето на некоја нова држава да побуди апетити и другите малцинства тоа да го сфатат како сигнал. Конечно, Албанци нема само на Косово, туку и во Македонија и во други делови на Србија. А и надвор од Балканот региони сакаат да се ослободат од државните стеги...За косовското прашање тоа значи дека засега ќе нема втора албанска држава во Европа...Се’ укажува на тоа дека на крајот од преговорите ќе стои независност на рати. Модели веќе има и се сведуваат на тоа, на косовските Албанци да им се пренесува суверенитетот во повеќегодишен процес. Тоа ним би им дало можност да ги обработат неспорните демократски дефицити. Истовремено Европејците би биле во состојбада спречат опасен развој како здружување на распрсканите албански подрачја во некое Големо Косово. Успехот на преговорите сега зависи од тоа, дали обете страни ќе бидат убедени за тој компромис. Како мамец за Србите и за Албанците е пристапот кон ЕУ – во некој далечен ден, кога и на Балканот конечно ќе биде скршена силата на национализмот“ – коменира „Зиддојче цајтунг“ од Минхен.