1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протести и судири по повод Први мај

ЖА/дпа/афп2 мај 2016

Еден мртов и над 200 приведени во Истанбул, судири во Париз, безредија во Хамбург и Берлин - но и мирни демонстрации низ повеќе градови во светот, различно беше одбележан Први мај.

https://p.dw.com/p/1IgGO
Фотографија: picture alliance/NurPhoto/M. Heine

Во Берлин и во Хамбург полицијата уапси демонстранти кои со камења и шишиња гаѓаа по полицајците. Хамбуршката полиција зборува за масивни напади врз своите службеници со опасни пиротехнички материјали. Во Берлин се уапсени исто така две лица, протестите во голем дел потоа протекле мирно.

Deutschland Demonstrationen in Berlin
Фотографија: Reuters/F. Bensch
Deutschland Demonstrationen in Berlin
Фотографија: picture alliance/NurPhoto/M. Heine

Во Истанбул ситуацијата беше напната, полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демоснрантите, кои и покрај забраната се обидоа да се пробијат до плоштадот Таксим. Еден 57-годишен човек беше прегазен од полициско возило и почина по тешките повреди. Уапсени беа 207 демонстранти. Во полициската акција учествувале околу 25.000 полицајци.

Türkei 1. Mai - Proteste und Ausschreitungen in Istanbul
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Suna
Türkei 1. Mai - Proteste und Ausschreitungen in Istanbul
Фотографија: Getty Images/AFP/B. Kilic

Во Париз продолжи гневот поради реформата на пазарот на труд која ја планира социјалистичката влада. Полицијата употреби солзавец и водени топови против повеќемина маскирани демонстранти, кои фрлаа со камења и петарди по полицајците.

Вчера на улиците низ цела Франција излегоа на протести околу 84.000 луѓе.

Париз повторно „вриеше“

Први мај, Меѓународниот ден на трудот, беше одбележан со низа манифестации и демонстрации низ цел свет.