1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протести во Хрватска

4 јануари 2005

Неколки илјади луѓе протестираа синоќа во повеќе градови во Хрватска како поддршка за независниот претседателски кандидат Борис Микшиќ кој тврди дека поради изборни неправилности не се пласирал во вториот круг.

https://p.dw.com/p/AcyO

“Имаше измама“, им рече Микшиќ на своите приврзаници собрани на централниот плоштад во Загреб.

Овој Американец со хрватско потекло, евроскептик непознат на политичката сцена е третопласиран според бројот на освоени гласови, со поддршка од нешто повеќе од 17 проценти од излезените гласачи. Микшиќ ги отфрли официјалните податоци како наместени и побара уште еднаш да се пребројат гласовите од првиот изборен круг. Агенциите јавуваат дека неговите приврзаници освен во Загреб синоќа протестирале во Сплит, Задар, Чаковец и Славонски брод. Протестите минале без инциденти.

Изборната комисија ја отфрли жалбата на Микшиќ. Според официјалните резултати на 16 јануари хрватите во вториот круг од претседателските избори ќе можат да гласаат за актуелниот претседател Стипе Месиќ кој во неделата освои речиси 49 проценти од гласовите или за кандидатката на владеачкиот ХДЗ Јадранка Косор која доби нешто повеќе од 20 проценти од гласовите.