1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Откажани бројни натпревари во САД

СН/агенции
27 август 2020

Бројни американски професионални лиги се приклучија кон протестот против полициското насилство во вклучително и кошаркарска лига НБА и привремено ги прекинаа активностите.

https://p.dw.com/p/3hZG9
USA Basketball Boycott in der NBA Milwaukee Bucks - Orlando Magic
Фотографија: Reuters/USA TODAY Sports/Kevin C. Cox

Освен во НБА сите вчерашни натпревари беа откажани и во бејзбол лигата МЛБ како  и во женскиот пандан на НБА, ВНБА. .Во фудбалката лига МЛС пак се одигра првиот натпревар од денот меѓу Орландо Сити и Нешвил, по што беа откажани останатите пет натпревари.

Предизвикувач на овој досега невиден бран протести во американските спортови е случајот Џејкоб Блејк. Афроамериканецот беше застрелан одзади од страна на полициски службеник во градот Кеноша во изминатиот викенд.

Се вели 29-годишниот Блејк бил погоден со седум куршуми во грбот и тој се бори за својот живот во болницата.

Повеќе:

-Кеноша гори, вонредна состојба во Висконсин

-САД и расизмот: Помалку пари за полицијата?

-Зошто полицијата во САД е толку моќна?

Кошаркарите на Милвоки Бакс беа првите кои го бојкотираа својот плејоф натпревар во НБА и со тоа обезбедија поттик за протестното движење. Милвоки инаку се наоѓа на 55 километри северно од Кеноша. И бејзбол тимот од Милвоки, Бруерс го следеше примерот на кошаркарите од Бакс и одби да настапи на натпреварот против Синсинати Редс.

И другите три вчерашни натпревари во МЛБ последователно беа одложени. Хокеарската лига  НХЛ беше единствената американска професионална лига, која продолжи да игра нормално.