1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Проституција- изложба во Бон

22 јуни 2006

40 уметнички од Германија и соседните земји , во Бон изложуваат дела на тема –проституција.

https://p.dw.com/p/AeXp
Бон
БонФотографија: presse

Марлен Зојберт се преставува со инсталацијаат со наслов: „Јавните куќи во времето на Вермахтот“, која е посветена на вистински историски настан од времето на Втората светска Војна „Тоа е училиштето Бет Јакоб, во Краков, Полска, кадешто 200 ученички биле заробени и присилени на проституција“

Еден сосема поинаков и мамалку трагичен поглед на минатото фрла истражувачот на женската историја Јулита Франке. На тенок пиедестал таа инсталираше мал звучен храм, за да потсети на антиката, на епохата во која проституцијата не била на лош глас, ниту пак ја чинела жената достоинство: „На пример во епот на Гилгамеш имаме сакрална проституција, имаме женски робинки, кои живееле во храмот на богињата и задачата на тие жени била на мажите да им ја пренесуваат љубов во име на богињата. Можеби во овој случа не станува збор за вистинска проституција. Тоа е повеќе еден вид љубовна служба, која се извршува во име на боговите“

Идејата за изложбата „Трговија со секс“ немаше ништо заедничко со Светското Првенство во фудбал, но очигледно се случува во вистински момент, со оглед дека во Германија воочи првенството, проституцијата која тука е легална се најде во фокусот, поради очекуваното пристигнување на илјадници проститутки, во обид да заработат некое евро повеќе за време на фудбалската треска во земјата.

Инаку извонредно документарниот карактер на изложбата во Бон го покажува и дневникот на проститутката Тина Сучи. Младата жена била казнета и марала да одработува часови во Музејот на жената. Диркеторката на тој музеј Маријане Пицен ја поттикнала да води дневник: „Таа го опиша своето секојдневие, како стои на улица , што доживуваат нејзините колешки. Многу детално опишува и како мажите се однесуваат“

На изложбата највпечатливи се оние делови кои ја покажуваат проституцијата во сета нејзина пониженост и степенот на насилство со кое е проникната. Колажот фотографии од голем формат на Ева Хорстик Шмит го покажува секојдневието на проститутките на Косово. Трезвено, неспектакуларно и покрај тоа многу длабоко и депримирачки.

Но изложбата не сака да го прикаже само оној најмрачен дел на проституцијата. Габриеле Ландфилд со својата инсталација од стари вреќи ги карикира мажите кои лесно наседнуваат на огласите барајќи млади и убави жени.