Проруските бунтовници ослободија набљудувачи на ОБСЕ
29 јуни 2014Тешко вооружени лица ги спроведоа набљудувачите до еден хотел во градот Доњецк. Таму тие беа дочекани од претставници на ОБСЕ.
Министерот за надворешни работи на Германија, Франк Валтер Штајнмајер изјави дека ослободените набљудувачи на ОБСЕ, меѓу нив и еден Германец, се наоѓаат на слобода. Штајнмаер, продолжувањето на прекинот на огнот во Источна Украина до понеделник вечер, го означи како добар сигнал. „Оружјето мора долгорочно да мирува, за да може да му се даде шанса на мирот“.
Во Источна Украина, состојбата и натаму остануав напрегната. Украинската армија и сепаратистите меѓусебно се обвинуваат дека го имаат прекршено примирјето. Истовреме украинскиот претседател Петро Порошенко ја најави досега најголемата уставна реформа во земјата по цели 20 година. Според неа општините во земјата за прв пат треба да добијат далеку повеќе овластувања. Покрај тоа државните финансисии треба да бидат „децентрализирани“, така што повеќе данок би останал во регионите и не би течел кон Киев.