1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Продолжува неизвесноста со заложниците во Авганистан

30 јули 2007

Во драмата околу ослободувањето на 22-цата Јужнокрејски заложници владее целосна конфунзија. Се тврди дека и по истекот на вчерашниот ултиматум, преговорите со владата во Кабул продолжуваат.

https://p.dw.com/p/BNYa
Роднините на грабнатите се уште во неизвесност околу судбината на грабнатитеФотографија: AP

По истекот на последниот ултиматум, расте загриженоста за судбината на 22-цата Јужнокрејци грабнати во Авганистан од страна на Талибанците. Екстемистите вчера се заканија со убивање на еден или повеќе заложници, до колку владата во Кабул не ги исполни нивните барања за ослободување 23-ца затворени соборци. Се дознава дека преговорите меѓу авганистанските власти и грабнувачите и по истекот на тој ултиматум продолжуваат. Од тие причини се јавува дека рокот бил продолжен за уште три часа. Барем така изјави самонаречениот талибански портпарол Кари Јусуф Ахмади:

„Владата во Кабул не сака да ја расчисти оваа ситуација, ниту сака успех. Затоа поставуваме нов рок до денеска до 12 часот„.

Ако дотогаш не бидат исполнети барањата, изјави Ахмади, Талибанците можеби ќе започнат со убивање на Јужно-корејците. Според информациите на авганистанските власти, во меѓувреме во преговрите се вклучиле повеќе племенски водачи и авганистански пратеници, меѓу нив и поранешниот талибански командант, Абудл Салам Рокети.

Уште во текот на минатата недела беа продолжени неколку такви ултиматуми, веројатно затоа што заложниците се поделени во повеќе групи, а нивните водачи не можат да се согласат за заеднички настап. Гувернерот на провицнијата Газни во која се грабнати Јужнокорејците, апелирал до грабнувачите да дозволат повеќе време за преговорите.

Во меѓувреме, во Јужна Кореја пристигна телото на убиениот јужно-коресјки свештеник. Владата во Сеул одржува нова вонредна седница во врска со ситуацијата на заложниците.

Многу помало внимание предизвикуваат напорите за ослободување на германскиот градежен инженер и неговите петмина авганистански колеги. Неговите грабнувачи тврдат дека немаат ништо со Талибанците. Тие очигледно немаат политички, туку криминални мотиви. Како што јавува германскиот ТВ канал АРД, преговорите продолжуваат, но се одвиваат бавно.