Продолжува Конгресот на ЦДУ
28 ноември 2006
Ангела Меркел беше потврдена на местото шеф на Христијанско Демократската Унија со 93 проценти од гласовите на околу 1000 делегати на Конгресот во Дрезден . Делегатите го прифатија и нејзиното обраќање на отворањето на Конгресот со воодушевување . Меркел во своето обраќање извлече биланс од едногодишната работа како канцелар на Германија . Таа ги истакна своите успеси но нагласи и дека се не одело така лесно.
Што се однесува пак до насоката на партијата , Меркел се обиде , да ги обедини како социјалното така и либерално-економското крило во партијата и да ги подржи предлозите на двата табори .
Од една страна стануваше збор за предлогот на премиерот на покраината Северна Рајна Вествалија , Јирген Ритгерс за подолга исплата на паричната помош на постарите невработени лица , а од другастрана беше предлогот на покраинските премиери на Хесен и Долна Саксонија Роланд Кох и Кристијан Вулф за олабавување на заштитата од отказ.
Меркел во својот говор нагласи :
„ Едниот предлог уште еднаш го потврдува нашето настојување за за функционални сојузи за работа и за олабавување на заштитата од добивање отказ на работното место . Вториот пак го подвлекува нашето настојување за посилно но и понеутрално исплаќање на помошта за невработените , рангирано според должината на уплатата . Ова го сакаме бидејќи за постарите ризикот е поголем да не најдат работно место отколку за помладите . И за мене драги пријателу , овие два предлога припаѓаат еден кон друг.“
Ангела Меркел ги критикуваше мислењата според кои партијата стои пред нова насока поради борбите меѓу одделни крила во неа.
Како физичар јас велам дека различните крила носат поттик.Какоо политичар велам:тоа важи само тогаш кога тие не се едни против други.
Делегатите на Конгресот на крајот од вчерашниот ден ги подржаа двата предлога оној за подолга исплата на помошта за за постарите невработени лица и оној за олабавување на заптитата одсо ова решение меѓутоа спорот околу насоката на Христијанско Демократската Унија не е завршен