Продолжува битката за власт во ЦСУ
22 јануари 2007Двочасовната средба на Штојбер со Зехофер не донесе конечно решение. Сепак, шефот на партијата на заминување Штојбер смета дека има добри шанси да се најде решение: „се надевам дека за две-три недели проблемот ќе биде решен„:
„Во фокусот на моите напори е да ги приближам спротивностите на Ервин Хубер и Хорст Зехофер. Мислам дека постојат добри шанси„.
Во врска со ова, баварскиот министер за стопанство Ервин Хубер изјави:
„Јас сум подготвен да се кандидирам и за тоа добивам поддршка. И тоа не само од пратениците, од круговите на општинските раководства, туку и од целата база на партијата„.
Меѓутоа, и сојузниот министер Зехофер не се предава и има намера да се кандидира за местото партиски шеф, при што изјави:
„Не гледам смисла да се реагира на јавните самопрепораки или понуди. Досега со мене никој не разговарал за тоа да се повлечам или за некаква понуда„.
Баварскиот министер за внатрешни работи и единствен кандидат да го наследи Штојбер на функцијата покраински премиер, Гинтер Бекштајн:
„Се надевам дека со разговори меѓу сите страни, ќе се најде пат до решение, за да не се водат дебати уште неколку месеци„.