Проди ќе ја посети Албанија
10 ноември 2007Реклама
Италијанскиот премиер Романо Проди ќе ја посети Албанија на 3. декември. Главна цел на посетата е најавата на албанскиот премиер Сали Бериша за отворање нуклеарна централа во Драч. Идејата е Албанија да излезе на овој начин од енергетскиот колапс и дури да стане снабдувач на соседните земји. Опозицијата ја критикуваше идејата на Бериша како нереална.