1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ултиматумот ги влошува работите

Бартош Дудек/ превод:СН30 јули 2016

Европската комисија ѝ постави услов на конзервативната полска влада: или ќе ги почитува одредбите за правна држава или ќе има санкции. Со тоа заострување работите ќе станат полоши, коментарa Бартош Дудек.

https://p.dw.com/p/1JYrc
Фотографија: picture-alliance/dpa/NurPhoto/K. Dobuszynski

Претстои жешка есен на релација Брисел-Варшава. Конзервативната влада во Полска има 3 месеца да ги отстрани недостатоците во областа на владеењето на правото. Најголем проблем е дубиозната реформа на Уставниот суд, која според мислењето на меѓународната Венецијанска комисија на овој суд практично му ги врзува рацете. За првпат во историјата на ЕУ е започнат механизам воведен пред 2 години во кој на една држава членка и' се поставува ултиматум.

Како до тоа успеа да дојде токму Полска, земја која досега важеше за примерен ученик на транзицијата и примена на бриселските правила?

Изгледа дека задкулисниот властодржец Јарослав Качински, шеф на владејачката партија Право и правда, жестоко ги потцени надворешнополитичките последици од пресметката со Уставниот суд. Европската комисија не е единствена инстанца која смета оти така се срушени темелите на правната држава. Правни стандарди, независно судство и слободни медиуми се основа за демократија, рече Обама. Но тие негови зборови државните медиуми во Полска не ги пренесоа. Тоа е доказ повеќе дека критиката погодува во центар.

Штета за имиџот

Најновата одлука на Брисел го доведе конфликтот до вжареност А допрва ќе биде жешко. Бидејќи Качински и неговите следбеници правно и политички толку заглавија што сега тешко можат елегантно да се повлечат од своите позиции. Европскиот ултиматум само ја влошува работата. Кој ја познава Полска и полскиот менталитет, сфаќа дека на овој начин предизвикуваат пркосни реакции. А тоа се' му одговара на Качински кој сега има можност на клиентите да им демонстрира дека Полска е суверена држава која не потклекнува пред „диктат“ однадвор. Тоа на полската сцена ќе му донесе поени.

Dudek Bartosz Kommentarbild App
Бартош Дудек

Всушност, Качински може да седне удобно во фотелја и да земе пуканки во раце бидејќи знае оти заканувачки казни- одземање гласови во Европскиот совет- нема ни да има. За таа одлука е потребен консензус од сите 27 членки на ЕУ, а унгарскиот политички другар Виктор Орбан веќе најави вето.

Сепак, останува штета на имиџот која влече болни финансиски и економски последици, без оглед како ќе заврши процесот кој го започна Европската комисија. Полското економско чудо во поголем дел е финансирано од европските фондови. На преговорите за буџетирање секогаш им е потребна добра волја- а кој ќе биде подготвен да им излезе во пресрет на властите кои ги газат основните принципи на владеење на правото?

Тука Качински и неговата партија веќе нема да можат да сметаат на Берлин кој досега гласно ги застапуваше интересите на Варшава. И тоа не само поради актуелната тема туку и поради поткопување на германската позиција во бегалската криза и намалување на правата на германското малцинство во Полска. Цената на овие политички спорови, како и обично, нема да ја плати политичката елита туку обичните граѓани.