1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Премиерите на Чешка, Полска и Словенија со воз во Киев

БГ /РТР
15 март 2022

Тројцата премиери се првите странски лидери кои го посетуваат украинскиот главен град од почетокот на војната. Целта е да ѝ дадат поддршка на земјата од името на ЕУ.

https://p.dw.com/p/48UXJ
Ukraine Kiew Alltagsszenen im Krieg
Фотографија: Pavel Nemecek/dpa/CTK/picture alliance

Во 8 часот изутрина (15.03.2022), премиерите на Полска, Чешка и Словачка ја преминале полско-украинската граница и се приближуваат до украинскиот главен град Киев, во првата посета на странски државници од почетокот на руската агресија.

Киев и утрово беше цел на руски гранатирања: две силни експлозии го погодија главниот град во вторникот. Најмалку две лица загинале во нападите кога бил погоден станбен објект. 

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки на Фејсбук соопшти дека посетата се случува на 20 дена од „криминална агресија врз Украина“ на рускиот претседател Владимир Путин. 

„Во вакви клучни моменти за светот, наша задача е да бидеме таму каде што се создава историјата. Затоа што не се работи за нас, туку за иднината на нашите деца кои заслужуваат да живеат во свет ослободен од тиранија“, рече Морајвецки. 

„Целта на посетата е да се потврди едногласната поддршка на целата ЕУ за сувереноста и независноста на Украина“, соопшти чешкиот премиер Петр Фиала.

Во делегацијата се и словенечкиот премиер Јанез Јанша, како и полскиот вицепремиер Јарослав Качински, инаку лидер на владејачката ПиС партија во Полска.

Посетата била договорена на самитот на ЕУ во Версај минатата недела, во консултација со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Советот, Шарл Мишел.