1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Предупредување за Србија и за БиХ поради Јужен тек

Марина Максимовиќ/ Симе Недевски9 мај 2014

Брисел ги предупредува Босна и Херцеговина и Србија дека мора да ги усогласат своите договори за енергетска соработка со Руската Федерација со правилата на европската Енергетска заедница

https://p.dw.com/p/1BwtH
Фотографија: picture-alliance/dpa

Европската комисија по повод предвидената десетта точка на вчерашниот (8.5.) состанок на Советот на министри, под име „нацрт основа за водење преговори за склучување на договорот меѓу Владата на Руската Федерација и Советот на министри на Босна и Херцеговина за соработка во областа на гас и електроенергетика“, ги потсети властите во БиХ дека таквиот меѓувладин договор мора во потполност да биде во согласност со европското законодавство во областа на енергетика: „БиХ како потписничка на Договорот за енергетска заедница, има обврска да ги примени сите обврски кои произлегуваат од овој Договор. Практично, тоа значи дека делот на Јужниот тек кој поминува низ земјите од Енергетската заедница мора да работи под исти правила и принципи како и оној во земјите-членки на ЕУ“, стои во соопштението на Европската комисија.

Во Брисел нагласуваат дека постојат одредби од проектот „Јужен тек“ кои не се во согласност со постоечките закони на ЕУ ниту се компатибилни со обврските кои потекнуваат од Договорот за енергетска заедница: „Изгледа дека обврските кои произлегуваат од Договорот за енергетска заедница не се на добар начин рефлектирани во тој меѓународен договор. Тука зборуваме за усогласување на законските рамки во областа на либерализација и отворање на пазарите за енергетика, поставување тарифи од страна на независно регулаторно тело, транспарентност на сопственоста, како и пристап на трета страна на пазарот. Затоа повторуваме дека БиХ има обврска да осигура оти каков било договор и да потпише тој мора да биде во согласност со веќе постоечките преземени обврски со Договорот за енергетска заедница“, објаснува портпаролот на комесарот за проширување Петер Стано.

Јужен тек“ не е приоритет за ЕУ

Во седиштето на Европската комисија ги повикуваат властите во БиХ да обрнат внимание на таквите прашања во „нивиот нацрт на меѓувладиниот договор“ со Руската Федерација. Брисел очекува дека БиХ ќе преземе неопходни чекори за да го исполни договорот за примена на законски рамки во областа на гасната индустрија кој би бил во согласност со европските правила. Истовремено се потсетува дека и Србија е исто така дел од Договорот за енергетска зедница и оти од 1. јанури 2015. година би требало да почне примената на третиот енергетски пакет: „Тоа значи дека и Србија ќе мора да го либерализира својот енергетски пазар во поглед на негово отворање, транспарентност и независно одредување на цени. Сето тоа ќе биде набљудувано од страна како на Енергетската заедница така и за време на пристапните преговори за членство на Србија во ЕУ, низ поглавјето 15. кое се однесува за енергетиката“, порачува Стано.

Европската комисија уште во извештајот за напредок на земјите во процес на евроинтеграција за 2013. година нагласи дека постојат одредби од проектот Јужен тек кои не се во согласност со европските правила и оти сите билатерални договори на оваа тема мораат да се преиспитаат. Во Комисијата велат оти тие се „неутрални“ кога станува збор за тоа по која траса ќе минува „Јужниот тек“, но дека тој мора, како на териториите на земјите-членки и така ина аспирантите за членство низ кои е предвидено да поминува, да го усогласи своето деловно работење со европските норми.

Serbien South Stream Gas Pipeline
Фотографија: picture-alliance/dpa

Во ЕУ, со оглед на украинската криза, која се заканува да прерасне во уште една „гасна криза“ на европскиот континет, велат дека „Јужен тек“ во овој момент не е приоритет и оти Европа се фокусира на диверсификација на изворите и доставувачите на енергенси, за да се намали зависноста од Русија. И додека официјално Брисел вели дека „не ги спречува“ земјите од Западен Балкан да потпишат билатерални договори за изградба на Јужниот тек со Руската Федерација, со обврска да ги почитуваат европските закони, неофицијално се договара со рускиот „Гаспром“.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи