Преговорите за ослободување на киднапираниот Германец во Авганистан сеуште без успех
26 јули 2007Реклама
Заложничката драма со германскиот градежен инжинер киднапиран пред повеќе од една недела во Авганистан и натаму без разврска на повидок. Германските медиуми известуваат за жилави преговори меѓу авганистанската влада и киднаперите . Според нив германскиот заложник се наоѓа во добра состојба. Германското министерство за надворешни работи во меѓувреме уште еднаш предупреди граѓаните да се воздржуваат од патување во Авганистан :
„ Би сакале итно да замолиме да ги замолиме и сите претставници на медиумите да се звоздржат од патување во Авганистан во моменталнава ситуација која содржи значително поголеми ризици за безбедноста “изјави Мартин Јегер претставник на министерството