1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Големо славје во Лисабон и Париз

БГ11 јули 2016

Илјадници навивачи излегоа на улиците да ја прослават историската победа на Португалија на ЕП во фудбал. Во Лисабон се славеше до доцна во ноќта, а во Париз фудбалерите добија херојски пречек пред нивната база.

https://p.dw.com/p/1JMm5
Фотографија: Reuters/R. Duvignau

Лисабон синоќа беше преплавен од навивачи кои играа и славеа, обоени во националните бои и со развиорени национални знамиња. Неверојатната победа на нивната репрезентација на Европското фудбалско првенство е прва во историјата и беше остварена и покрај повредата на најдобриот играч Кристијано Роналдо уште на почетокот на мечот.
Откако се слушна последниот судиски свиреж експлозија од радост одекна низ улиците на Лисабон. Со победата е залечена раната од поразот во финалето од Грција пред 12 години, кога првенството се играше токму во Португалија.
За денеска е најавена и голема парада во Лисабон и херојски пречек за фудбалерите.

Погледнете го видеото:

Големо славје во Лисабон и Париз