1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пораст на антисемитизмот во Франција?

С.Дерхаге/ А.Трајковска 19 јули 2014

Во Франција живеат околу 600.000 Евреи. Досега две-до три илјади од нив годишно ја напушта земјата. Меѓутоа сега бројот на иселувања драстично се зголеми.

https://p.dw.com/p/1BrWY
Фотографија: Fotolia/ThorstenSchmitt

Повеќе од десет години еврејското семејство Рожемо живее во париското предградие Пит'о. Децата се овде родени, родителите продаваат мотоцикли во Париз - бизнисот одлично тече - сепак тие сакаат да си заминат.

„Ако во метрото во Париз носиш кипа на глава, нема да бидеш нападнат, но ќе те гледаат. Овие погледи имаат значење и тешко можат да се поднесат“, вели Лорен Рожемо.

Исто така и графитите на еврејските продавници тешко го погаѓаат семејството. Тие сметаат дека антисемитизмот во земјата е во подем.

Денис Банкемун, Евреин иселеник подвлекува: „Тука сосема јасно има историски паралели. Овие графити на продавниците на Евреите, нив ги имаше уште во 30-тите години на минатиот век. Еден ден ќе се разбудиме тука и ќе заклучиме дека се случила нов ноќ на погромот. Да, тоа денес може да се случи во Франција.“

Кој е одговорен за графитите, тешко е да се каже. Факт е меѓутоа дека некои млади муслимани блиско-источниот конфликт го пренесуваат во париските предградија. Пред сѐ во социјалните жеришта младите Евреи веќе не се чувствуваат безбедно.

Политичка поддршка освен тоа доаѓа и од екстремно-левичарските про-палестински групи, кои го имаат зборот на некои универзитети.

Подбуцнувањето против Евреите не доаѓа само од левичарско-екстремистички кругови. Комичарот Дјудонѐ полни цели концертни сали со антисемитско шоу и стотици илјади Французи ги посетуваат интернет страниците на десно - екстремниот интелектуалец Алан Сорал. Тој сосем отворено го фали Хитлер и сѐ уште тврди дека нацистите со изградбата на автопатите кон исток го спасиле германското стопанство.

Zum Thema - Online-Umfrage - Juden in Europa sehen wachsenden Antisemitismus
Кипата привлекува вниманиеФотографија: picture-alliance/dpa

Сорал радо се презентира во облека на затворениците од концентрационите логори - лоша шега со ужасното минато на нацистите. Антони, проектант од јужна Франција, е меѓу оние кои веруваат во десничарските решенија. „Против обичните Евреи овде никој нема ништо. Тоа би било неправедно. При нападите овде се работи само за малку лица. Се работи за оние Евреи, кои стојат на врвот на целиот наш денешен систем“.

Евреите ги воделе големите банки, Евреите вршеле влијание врз политичарите, Евреите биле виновни за сѐ - антисемитските теории на заговор во Франција имаат сѐ повеќе приврзаници.

Семејството на Лорен Рожемо потекнува од Мароко. Татко му на Лорен беше печатар и чекор по чекор напредуваше. На син му му ја пренесе љубовта за француската литература и философија. Тоа што Лорен Рожемо сега ќе треба да живее оддалечен од француската култура го погаѓа. „Си посакував, дека Французите сакаат да не задржат тука. Впрочем јас сум Французин! Гневен сум и тажен. Морам да ги напуштам дел од моите роднини, и морам да ја напуштам мојата работа. Си заминувам со тешко срце, но морам да мислам на моите деца.“

Син му Ајал е радосен. Во иднина ќе може да ја стави кипата, без да ризикува непристојно да му се обраќаат. „Во Израел, таму навистина се чувствувам, дома. Франција исто така ја сакам, но во Израел се чувствувам подобро. Таму можам да кажам, што чувствувам и другите мислат како мене. Таму животот ќе биде подобар.“

Веќе во јули семејството Рожемо ќе се пресели во Израел. Без страв децата таму можат да одат на училиште - онака како што всушност си посакуваа во нивата татковина Франција.