Поранешни диктатори осудени поради крадење на бебиња
6 јули 2012Во процесот за кражба на деца за време на воената диктатура во Аргентина вчера беа осудени двајца поранешни диктатори на долгогодишни казни затвор. Судот во Буенос Аирес го осуди 86 годишниот Видела на 50 години затвор и 84 годишниот Бињоне на затворска казна од 15 години. Уште четворица други високи по ранг офицери добија затворски казни меѓу четири и 40 години.
Осудените се обвинети дека за време на воената диктатура меѓу 1976 и 1983 година ги давала на посвојување бебињата на политичките неистомисленици. Се проценува дека 500 новороденчиња и мали деца на жени киднапирани од војската оти биле критичари на режимот, илегално и под лажни имиња биле давани во семејства блиски на режимот. Според сеќавањата на преживеаните, жените ги раѓале децата врзани и со превез на очите. Само малкумина имале можност да го видат своетот дете. Најчесто децата биле давани на војници, додека мајките биле убивани кратко по породувањето. Многумина од нив војската живи ги фрлала во море. Според активистите за човекови права за време на диктатурата „исчезнале“ околу 30.000 луѓе.
Двајцата поранешни диктатори веќе одлежуваат доживотна казна затвор поради повреда на човековите права.