1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пораки за мир и дијалог се испратија од Охрид

Милчо Јовановски28 октомври 2007

Заврши меѓурелигиската конференција во Охрид. Делегатите од различни верски заедници се залагаа за дијалог како начин да се премостата разликите.

https://p.dw.com/p/BxPK
Црквата Св.Канео во ОхридФотографија: picture-alliance/ dpa
Дијалогот е доказ дека човештвото има сила да постигне сојуз на верите и цивилизациите истакна на крајот од тридневната меѓурелигиска конференција во Охрид, шефот на македонската дипломатија Милошоски кој беше нејзин претседавач. Усвоена е и декларација со која треба да се унапредат дијалогот, разбирањето и заедништвото меѓу различните вери.