Поплавите ги парализираа Србија и БиХ
16 мај 2014Во Србија поради поплавите се евакуирани 6.000 луѓе, соопшти Министерството за внатрешни работи. Најмалку три лица го загубија животот.
Утрово е најтешка состојбата во Обреновац. Премиерот нa Србија Александар Вучиќ апелираше до граѓаните да не одбиваат евакуација и да ги следат упатствата на надлежните служби. Постојат индиции дека во Обреновац е исчезнато едно лице, 80 отсто од градот е под вода, а водата сѐ уште надоаѓа.
Помош од Русија, ЕУ и Словенја
Авионот „Иљушин Il-76“ на руското Министерство за вонредни ситуации со 76 спасувачи слета утрово на аеродромот во Ниш. Со одлука на владата на Русија, на молба на раководството на Србија, руското Министерство за вонредни ситуации и цивилна заштита испрати спасувачи за да му пружат помош на српскиот народ, соопшти утрово руското министерство. Заменикот руски министер за вонредни ситуции Едвард Николајевиќ Чижиков за РТС изјави дека руските спасувачи ќе останат во Србија сѐ додека е тоа потребно.
Европската комиисја го прими барањето на владата на Србија за помош при санација на штетите од поплавите и интензивно ја подготвува првата транша. „Нашите стручњаци ги координираат мерките за помош на Србија“, ја пренесуваат српските медиуми изјавата на Ирина Новаква, портпарол на европската комесарка за хуманитарна помош и вонредни состојби Кристалина Георгиева. Европскиот центар за координација во вонредни ситуации ги проценува штетите и мерките кои треба да се преземат, по што ќе биде доставена помош.
Владата на Србија претходно соопшти дека побарала помош од ЕУ, Русија и Словенија.
Вонредна состојба и во БиХ
Поради поплавите запрен е сообраќајот на сите приодни патишта кон Тузла, Добој, Маглај, Бијелине, Зворник, Брчко, Модрич, Босански Шамац и Вареш.
Во Бања Лука е критично поради водостојот на реката Врбас, кој постојано расте. Три моста во градот се срушени од полавите, а поради излевањето на реката се спроведува евакуација на населнието. Водостојот на реката Босна пак од утрово е во опаѓање.
Владата на Федерацијата БиХ на синоќешната седница беше запознаена со состојбата во поплавените подрачја во БиХ, за што инфомираше премиерот Нермин Никшиќ, кој претходно ги посети погодените подрачја. На предлог на Федералниот штаб за цивилна заштита беше донесена одлуката за прогласување на вонредна состојба поради природна катастрофа на подрачјето на Федерацијата БиХ.