1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Поплави во Бразил: попуштија две брани

ЖА
27 декември 2021

По долготрајниот силен дожд во Бразил под вода се најдоа околу 60 населби. На викендот попуштиле две брани, наредена е евакуација на населението

https://p.dw.com/p/44r8U
Brasilien Bahia | Überschwemmungen
Фотографија: Camila Souza/Bahia State Government/AFP

Околу 60 места во бразилската сојузна држава Бахиа, според зборовите на нејзиниот гувернер, вчера се нашле под вода. Управата соопшти дека на викендот пукнале две брани, преку социјалните медиуми е упатен повик до населението во околината на браните да го напушти регионот и да се засолни. Луѓе се спасувани со помош на хеликоптери и чамци, напиша гувернерот на Бахиа, Руи Коста вчера на Твитер. „Во моментов приоритет е спасувањето животи“, твитна тој.

Brasilien Überschwemmung
Фотографија: Manuella Luana/AP Photo/picture alliance

Со недели Бахиа страда од невремиња, кои доведоа до поплави и до лизгање на земјиштето. Бразилските медиуми, повикувајќи се на информации од Службата за цивилна заштита во Бахиа, јавуваат дека од ноември досега загинале 18 луѓе, а околу 20.000 останале без покрив над главата.

При попуштање на брана во бразилскиот град Брумадињо на почетокот на 2019 година најмалку 250 луѓе беа убиени од надојдената лавина кал.