1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Полска на Полјаците - националистички и антигермански тонови во Полска

Елжбиета Штасик / Александар Методијев27 декември 2012

Изборната битка започна. Опозицискиот лидер Јарослав Качински успешно игра со исконските стравови и чувства на своите сонародници против Русите и Германците.

https://p.dw.com/p/176E3
Фотографија: Reuters

„Се радувам на вашето овдешно присуство, во регионот во кој мирниот живот е оневозможен од постојаните инциденти и провокации од страна на германското малцинство и горношлезиското движење за независност“, ги поздрави насобраните сопартијци Славомир Клосовски, претседател на партијата Право и правда во Долна Шлезија, на собирот кој го организираше партијата на Јарослав Качински во градот Опелн.

За Качински тоа беа зборови кои тој со задоволство ги слуша. „Нашиот однос кон германското малцинство во Полска е поврзан со нашите врски кон Германија. Кога Право и правда ќе ја преземе власта, тогаш германското малцинство во Полска ќе ги загуби своите привилегии“, им најави тој на насобраните граѓани. Тој додаде дека Германците во Полска требаат да имаат исто толку права колку што имаат и Полјаците во Германија, рече Качински.

Der Marktplatz in Opole Oppeln Oberschlesien
Плоштадот во ОпелнФотографија: picture-alliance/dpa

„Тоа не’ погодува сите нас“

Под „привилегии“ поранешниот полски премиер меѓу другото го подразбира гарантираното ослободување на партиите од националните малцинства од петпроцентната пречка за влез во полскиот парламент. Во моментов германското малцинство е застапено во полскиот парламент Сејм со еден единствен мандат, но тоа не игра улога според Качински. Тоа правило е непотребно и „апсурдно“ и треба да биде укинато. Забелешките на Качински се однесуваат на сите малцинства во Полска.

„Не може да се заоструваат правата на едно малцинство без влијание врз сите останати“, вели Ришард Гала, пратеник од германското малцинство во парламентот. Тој е задоволен од поддршката и солидарноста, којашто ја добива од многу страни.

Во Полска се признаени вкупно 14 национални и етнички малцинства. Вкупно тие претставуваат три до четири проценти од населението. Украинци, Белоруси, Руси, Литванци спаѓаат во национални малцинства, како и Ромите и Евреите. Најголемо малцинство, со околу 100.000 луѓе, е германското. Правата на сите малцинства, меѓу кои и она за негување на религијата, културата и јазикот, се гарантирани со законот за малцинства од 2005-та година.

Придвижување по 20-годишна стагнација

Последните контроверзи се пред се’ за статусот на Полјаците кои живеат во Германија. Посебно полските десничари бараат признавање на полско малцинство во Германија. Германија, пак, нагласува дека се грижи за сите имигранти, а не за одредено историски пораснато малцинство. Во Германија живеат од 1,5 до два милиони жители со полско потекло, кои се нарекуваат Полонија, а од нив 400.000 имаат полски пасош. Тие немаат статус на малцинство, но преку различни права тие можат да го зачуваат својот идентитет или, пак, да се грижат за својот јазик.

Jaroslaw Kaczynski
Јарослав КачинскиФотографија: Reuters

Овие права, како и правата на германското малцинство во Полска, се дел од договорот потпишан меѓу двете земји во 1991-ва година. Но, за првпат, во јубилејната 2011-та година беше направена тркалезна маса со претставници од германската и полската влада, како и со претставници од малцинствата од двете земји. Потоа беше отворена канцеларија за коориднација на Полонија во Берлин и во Центар за документација на Полјаците во Германија во Бохум.

Но, и покрај тоа изјавите на Качински не претставуваат исклучок. Тој во ноември во Варшава ги предупреди пратениците од создавање „Косово во Полска“. Тоа што движењето за автономија во Шлезија нема ништо политички или организационо со германското малцинство, за „патриотите“ е од второстепено значење. Тие сметаат дека Полска треба да им припаѓа на Полјаците и точка.