1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Полициската акција во Гелзенкирхен добива продолжение во покраинскиот парламент

Мартин Тајгелер (вдр)/ А.Трајковска24 август 2013

Не само љубителите на фудбалот реагираат на масовната полициска акција во Гелзенкирхен, туку за збор се јавија и политичарите. Покраинскиот министер за внатрешни работи Ралф Јегер е повикан да го расветли инцидентот.

https://p.dw.com/p/19VfQ
Фотографија: Getty Images

Суровата полициска акција на стадионот на Шалке на плејоф натпреварот за Лигата на шампионите против ПАОК стана тема во покраинскиот парламент на Северна Рајна Вестфалија. По Либералите (ФДП) и партијата на Пиратите сега и политичарите од, на покраинско ниво владејачките, СПД и партијата на Зелените побараа темелно расветлување на инцидентот. Врз основа на фотографиите се поставува „прашањето за соодветноста на ангажманот“, изјави вчера (23.08.2013) покраинската пратеничка од редовите на Зелените, Јозефине Паул. „За да се ресветли ова во моментов водиме разговори со Министерството за внатрешни работи“, рече портпаролката одговорна за прашања поврзани со спортот од пратеничката група на Зелените.

Исто така и пратеникот во покраинскиот парламент од Гелзенкирхен, социјалдемократот Маркус Тенс побара расветлување. Поради инцидентот тој веќе разговарал со министерот за внатрешни работи, сопартиецот Ралф Јегер и наредната недела повторно ќе го стори истото. Многумина фанови се јавиле во неговата изборна канцеларија. Дека полицијата настапила „со едно такво беспримерно насилство“, тој неможе да сфати. „Таму стоеја семејства исто така и млади кои не учествуваа, а беа во блокот на фановите“, рече Тенс кој самиот е фан на фудбалскиот клуб Шалке и бил присутен на натпреварот.

Немало комуникација меѓу полицијата и клубот?

На квалификацискиот натпревар во Лигата на шампионите меѓу Шалке 04 и ПАОК од Солун германската полиција во средата (21.08) спроведе акција на трибините за стоење на стадионот во Гелзенкирхен. Полицијата смета дека тоа била „неопходна акција“, бидејќи фановите на Шалке на северната трибина презентираа знаме на „Комити Скопје“ - Ултрасите на фудбалскиот клуб Вардар Скопје, со кои ги поврзува повеќегодишно пријателство - од знамето меѓутоа се почувствувале испровоцирани фановите од Солун. Бидејќи приврзаниците на Шалке одбија да го отстранат знамето, ангажманот на чуварите на редот за спречување на ескалација меѓу Германците и Грците немал алтернатива. Дојде до судири, а полицијата употреби гумени палки и солзавец. Според полицијата биле повредени 30 фанови и двајца полицајци. Според податоци на Црвениот крст во Гелзенкирхен вкупно биле третирани 80 лица. Пред сѐ поради употребата на солзавец, на многумина им бил потребен третман за очите.

Champions League FC Schalke 04 - PAOK Saloniki
Од натпреварот: Шалке 04 - ПАОКФотографија: picture-alliance/dpa

„Овој ангжман беше целосно несоодветен. Со ова воопшто не можеме да се согласиме и немаме никакво разбирање за тоа“, речер Петер Петерс, член на управниот одбор на Шалке.

Голем број љубители на фудбалот на социјалните мрежи изразија големо негодување за грубиот однос на полицијата. Знамето не значеше „ширење на омраза“, изјави политичарот од СПД, Тенс. Истото знаме „без никакви проблеми“ беше покажано есента 2012 година на натпреварот на Шалке против Олимпијакос. Според негови сознанија немало ниту согласност од претставниците на Шалке за акцијата на полицијата во блокот. Еден портпарол на полицијата во изјава за медиумите опстојуваше на тврдењето дека имало договор со одговорните лица за фановите и за безбедноста.

Либералите бараат извештај од министерот за внатрешни работи

Преку социјалната мрежа Твитер, покраинскиот шеф на либералите Кристијан Линднер побара: „Фудбалските фанови во една правна држава не се граѓани од втора класа. Министерот за внатрешни работи Јегер треба да се погрижи за брзо расветлување на околностите“. Уште во четвртокот (22.08.2013) портпаролот на пратеничката група на либералите во покраинскиот парламент во Диселдорф, задолжен за внатрешна политика Роберт Орт го повика министерот за внатрешни работи Јегер на наредната седница на Одборот за внатрешни работи во покраинскиот парламент на 12. септември да поднесе опсежен извештај за инцидентот во Гелзенкирхен.

NRW Innenminister Ralf Jäger
Министерот за внатрешни работи да поднесе извештај - бараат либералитеФотографија: picture-alliance/dpa

„Министерот за внатрешни работи мора да објасни што се случи во Гелзенкирхен. Зошто неможеше да има договор со одговорните од Шалке и зошто полицијата мораше да употреби солзавец и гумени палки?“, рече Либералот. Портпарол на министерот за внатрешни работи Јегер рече дека случајот во Гелзенкирхен ќе биде „опсежно дополнително разгледан“ од полицијата со клубот. Притоа ќе се провери што протекло добро, а што лошо.

Од Партијата на Пиратите пак истакнуваат: „Јегер сезонава нема да постигне интензивен дијалог со групите фанови, кој самиот го бара, ако полиција што прави неред презема акции против мирољубиви фанови“, рече експертот за внатрешни работи од редовите на Пиратите Франк Херман, кој критикува и други акции на полицијата опоменувајќи дека на тој начин фановите ја губат и последната довербата во полицијата.

Полицискиот синдикат застана во одбрана на акцијата во Гелзенкирхен

Шефот на синдикатот на германската полиција Рајнер Вент ја бранеше реакцијата на полицијата од Гелзенкирхен. „Тоа беше сразмерно и законски. Доколку сега бидат поднесени кривични пријави против службеници, правосудните органи сигурно ќе дојдат со истиот заклучок“, рече Вент за интернет изданието на „Рур Нахрихтен“.

Според полицијата во Гелзенкирхен има непознат број на кривични пријави против службениците кои беа во акцијата. Синдикатот на полицијата ја отфрли и критиката на клубот. „За среќа законитоста и сразмерноста на полициските акции не ја оценуваат фудбалските функционери. Не се наоѓаме на детско игралиште, туку на фудбалски стадион“. Покраинскиот пратеник од СПД Тенс меѓутоа се заложи за поголема внимателност. „Многумина фудбалски фанови и без тоа критички гледаат на полцијата.“ Доколку кај Ултрасите опстои впечатокот дека полицијата презема несоодветни акции против нив, се заканува натамошна ескалација на стадионите.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема