1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Позитивен пресврт на Ердоган

Баха Гингор/Александра Трајковска1 ноември 2012

При посетата на Германија турскиот премиер Ердоган изненади со меки тонови: Турците во Германија ги повика да преземат повеќе напори за интеграција во општеството. Позитивен пресврт смета Баха Гингер.

https://p.dw.com/p/16am6

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган постојано се грижи за некои изненедување: додека при неговите поранешни посети на Германија жестоко ја критикуваше интеграциската политика на земјата и на пример асимилацијата ја означуваше како „злосторство против човештвото“, овој пат зачуди со меки тонови. Меѓутоа на што се должи ваквиот позитивен пресврт на Ердоган? Зошто сега бара од луѓето од Турција да се интегрираат  во „Алеманија“?

Интереси на двете страни

Турција е на пат да стане регионална сила, горда е на својот економски пораст беспримерен во Европа и освен тоа презема се’ поважна улога како заговорник на стратегиите на Западот  при различни конфликити во соседството на југот на земјата.  Меѓутоа за земјата членка на НАТО да може да го продолжи позитивниот развоен тренд, од незначајна земја во подем во економска сила, потребна и’ е поддршка од ЕУ, во прва линија од Германија. 37 проценти од надворешната трговија на Турција се остварува со земјите на ЕУ. Таа сака да стане членка на ЕУ и ако воопшто и може да ја оствари оваа цел, тогаш само со поддршка на Германија. Ердоган знае дека затегнатост во германско - турските односи би им штетеле на неговите амбиции за ЕУ.

Германија од своја страна знае дека Турција, која ги поврзува Европа и Блискиот Исток во визирот мора да ја задржи целта- ЕУ. Од геостратешки аспект земјата е премногу важна, на пример да гарантира покривање на европските енергетски потреби. Турција која би се почувствувала принудена, одново да се дефинира и притоа да воспостави дистанца со Европа, сосема очигледно би било хендикеп за Европа - и тоа не само од економско -политички причини.

Deutsche Welle Türkisch Bahaeddin Güngör
Баха Гингер, раководител на турската редакција на ДВФотографија: DW

Да се завршат домашните задачи

Животните околности на немуслиманските малцинства во Турција веќе се подобруваат, но ни од далеку не може да се говори за идеална состојба. Големи групи народи како на пример Алевитите, но исто така и новинарите и интелектуалците се жалат на дискриминација, прогон и своеволни бранови апсења. Реформите на кои се’уште се чека може само тогаш  сериозно да се бараат од Турција, додека земјата не се откаже од својата европска цел.

Германската канцеларка Ангела Меркел во февруари 2013 година ќе патува во Турција. Храбар чекор и тоа токму во изборна година. Дотогаш и нејзината влада мора да заврши некои домашни задачи. Притоа станува збор за олеснување на визната обврска за бизнисмените, уметниците и студентите како и акцептирање на двојно државјанство.

Освен ова доколку Турција повторно би била поканета на самит на ЕУ, би се испратил многу позитивен сигнал на адреса на Анкара. Конечно Турција не е која било земја и заслужи да биде гледана како полноправен партнер на Европа.