Подигнато обвинение против осомничениот нацистички злосторник Чотари
18 јуни 2013Ласло Чотари денес има 98 години. Со оглед на тоа што неговиот случај е невообичаен, судскиот процес мора да почне во рок од 90 дена, соопшти денеска унгарското обвинителство. Чотари е обвинет дека во периодот од 1941 до 1944 година учествувал во депортација на 15.700 Евреи од собирниот логор во тогаш унгарското Кошау (денешно Кошице), кое денес е на територија на Словачка, во концентрациони логори на националсоцијалистите. Само во мај и јуни 1944 година од Кошау во Аушвиц биле депортирани 12.000 Евреи. Чотари тогаш бил командант на собирниот логор.
По војната Ласло Чотари под лажно име живеел во Канада. Кога властите во 1995 година го дознале неговиот вистински идентитет, тој избегал во Унгарија. Во 2011 година центарот „Симон Визентал“ во Ерусалим им обрнал на унгарските власти внимание на Чотари и неговата локација.
Минатиот јули (2012 година) Чотари конечно беше уапсен во Будимпешта и оттогаш се наоѓа во домашен притвор. Инаку, тој во Чехословачка уште во 1948 година беше осуден на смрт. Во април годинава оваа казна е претворена во казна доживотен затвор. Чотари го демантира сите обвинувања.