1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Подеми и падови на германско-американските односи

Гинтер Биркеншток/ А.Трајковска 14 јули 2014

Во Германија се откриваат сѐ повеќе американски шпиони и НСА шпионира во земјата - сознанија кои ги оптоваруваат германско-американските односи, кои сепак имаат преживеано повеќе подеми и падови.

https://p.dw.com/p/1CcT4
Фотографија: imago/Seeliger

По Втората светска војна САД беа спасител за Германија. Германија беше падната на земја, економски, културно и морално. На државата и требаше помош и истата ја доби од САД. Наместо да се распарчи Германија и да се претвори во чисто аграрна држава, како што во 1944 година предложи тогашниот американски министер за финансии Хенри Моргентау, владата одлучи економски да се обнови победениот воен противиник заедно со други држави во Европа. Германија требаше повторно да биде интегрирана, политички и економски и да придонесе за стабилноста на Европа. Маршаловиот план на САД опфаќаше помош од повеќе од 12 милијарди американски долари. Од окупаторите станаа пријатели.

Големиот брат Америка

Оваа позитивна слика беше зајакната со помошта од САД за време на блокадата на Берлин. Градот кој беше во советскиот окупиран дел, сојузниците по војната го поделија на четири зони, кои беа под раководство на советите, на Американците, на Британците и на Французите.

Откако западните сојузници во јуни 1948 година во нивните зони спроведоа реформа на валутата и речиси безвредната марка од рајхот ја заменија со германската марка, советите го пресекоа снабдувањето на западниот дел на градот. Неколку денови подоцна Американците и Британците започнаа со испорака на помош преку постоечките воздушни коридори. Една година со авиони тие го снабдуваа населението на Берлин сѐ додека советите не ја прекинаа блокадата во мај 1949 година.

Bildergalerie 65. Jahrestag Luftbrücke Berlin
Воздушен мост за Берлин во 1948/49Фотографија: picture-alliance/dpa

Покрај оваа практично помош за преживување на Германците во сеќавање им е уште еден голем симболичен гест: Посетата на американскиот претседател Џон Ф. Кендели на Берлин во 1963 година. Две години откако беше изграден Ѕидот тој пред градското собрание Шенеберг го одржа историскиот говор и ја изрази солидарноста со жителите на енклавата Западен Берлин и ја кажа позната реченица: „Ich bin ein Berliner“ (Јас сум берлинчанец).

John F. Kennedy Rede am 26.06.1963 vor dem Rathaus Schöneberg
Џон Кенеди во БерлинФотографија: picture-alliance/dpa

На општествено ниво САД уште во 1950 години со рокенрол музиката и филмските идоли како Џејмс Дин беа пример за младите Германци. САД беа омилени во Германија.

Војната во Виетнам

Во наредните години се промени расположението. Откако беа објавени извештаите за воен ангажман на САД во Виетнам - првата војна која беше пренесувана преку телевизија - на крајот на 1960 и почетокот на 1970 години имаше бран протести во Германија. Војната во Виетнам ги сврти пред сѐ младите против САД, вели Удо Хебел, професор по американски студии во Регенсбург. „Во педесеттите Америка беше позитивен пример за идентификација за разлика од закоравеното општество во Германија. Во шеесетите тоа се смени, тогаш Германците се свртеа против грдото лице на САД“. Истовремено позитивните претстави за Америка живееа и понатаму. „Тоа даваше постојано парадоксална слика“, резумира професорот во разговор со ДВ.

Vietnam Napalm Krieg
Војната во Виетна го потресе светотФотографија: Hulton Archive/Getty Images

Страв од надмоќниот партнер

Исто така и одлуката на НАТО од 1979 година, која меѓу другото предвидуваше нова генерација на американски ракети и крстосувачки ракети, во Германија го зајакна анти-американското расположение. Според проценките на Удо Хебел по одлуката многу Германци стравуваа „да не се вратат во времето на доцните четиересети и педесетите години со формирање на блокови на Студената војна“. Тоа повторно ги врати старите стеротипи за САД како империјалиситичка и материјалистичка држава. Освен тоа многу Германци стравуваа САД да не станат премногу моќни.

Историски пресек кој повоторно ги зближи Германија и Америка беа страшните напади на Ал Каеда во Њујорк на 11. септември 2001 година. Германската влада под Герхард Шредер им вети на САД „неограничена солидарност“. Освен тоа Германија учетвувапе со воената операција „Enduring Freedom“ против режимот на талибанците и Ал Каеда во Авганисан, која започна само еден месец подоцна. Но, кратко потоа односите значително се заладија: токму канцеларот Шредер одби да го следи претседателот Џорџ Буш, кога во 2003 сојзуничките трупи предводени од САД вмаршираа во Ирак.

World Trade Center Anschlag 11. September 2001
Нападите во Њујорк повторно ги зближија САД и ГерманијаФотографија: picture-alliance/dpa

Споровите никогаш не се трајни

Актуелниот спор околу мерките за прислушување на американските тајни служби и нивната соработка со германските информанти според Хебел е голем. Германската влада побара највисокиот претставник на американските тајни служби во Берлин да ја напушти земјата - тоа никогаш досега го немало во односите меѓу Берлин и Вашингтон. Но, дури и ако канцеларката сега со право искажува вознемиреност, германско-американските односи не се долгорочно оштетени, уверен е Хебел. Односите на двете земји никогаш не биле значително влошени на долг период, туку секогаш станувале подобри. Најдобар пример е силното економско вмрежување и културната размена. „Важно е да се види дека е тоа приказна со подеми и падови и тоа значи дека од сегашната вдлабнатите повторно може да се оди нагоре“.