1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поделено избирачко тело во Германија

14 октомври 2017

Во германската демократија поделбите не се веќе меѓу левицата и десницата, туку меѓу поддржувачите и противниците на модернизацијата. Тоа го покажуваат резултатите на истражувањето на фондацијата Бертелсман.

https://p.dw.com/p/2lL2v
Berlin Bundestagswahl Stimmzettel und Wahlurne
Фотографија: Reuters/S. Loos

Зачудувачка оценка: осврнувајќи се на германските сојузни избори, Роберт Феркамп говори за „нова линија на судир во демократијата меѓу скептичарите и поддржувачите на модернизацијата“. Таа линија се огледа и во „поделеноста“ на избирачкото тело. Феркамп е еден од авторите на студијата за изборите во Германија, која фондацијата Бертелсман ја објави денеска под наслов „Популарни избори“.

Со помош на два институти за испитување на јавното мислење, истражувачите анализираа 621 репрезентативна изборна единица. Во деновите по изборите прашање се околу 10 илјади Германци.

АфД и граѓанската средна класа

Важно сознание: во борбата за граѓанската средна класа, Алтернатива за Германија (АфД) беше најголем конкурент на партиите на Унијата- ЦДУ и ЦСУ. Во тоа избирачко тело АфД како „јасна десничарска популистичка партија“ зема 20 насто од гласовите. Тоа значи 14,6 проценти повеќе отколку на изборите во 2013 година. АфД тука „победи натпросечнно“, вели Кристина Тилман, директорка на програмата „Иднината на демократијата“ на фондацијата Бертелсман. Истовремено ЦДУ и ЦСУ потфрлија кај своите избирачи од центарот, освојувајќи 15 насто помалку гласови во споредба со претходните избори. 

Феркамп не може со сигурност да каже дали тоа долгорочно ќе влијае врз таборот на Унијата. Тој повлекува паралела со Социјалдемократите (СПД). Тие денес- тоа го покажува и резултатот од изборите на 24 септември- повеќе не се партија која има „цврсто гласачко јадро“. СПД поддршката на својата главна клиентела- работничката класа и нискиот среден слој , ја имаше последен пат на изборите во 1998 година. Герхард Шредер тогаш со коалицијата со Зелените го раскринка заситениот систем на Унијата на чело со Хелмут Кол. Тоа гласачко тело СПД подоцна го загуби. Сега, според Феркамп, се поставува прашањето „дали Унијата со оглед на губењето на сопствената клиентела ќе тргне по истиот пат по кој во последниве 15 до 20 години оди СПД“. Етаблираните партии мораат поинтензивно да се позанимаваат со сопствените гласачки тела, кои ги губат“.

Robert Vehrkamp
Роберт ФеркампФотографија: K. U. Oesterhelweg

Поделеност

Втор изненадувачки резултат: поголемата излезност на изборите за Бундестагот „видно придонесува за намалување на социјалната поделеност во избирачкото тело“. Имено излезноста на изборите е поголема во економско и социјално посилните средини, отколку во послабите. Додека во 2013 година разликата во излезноста меѓу тие две општествени групи изнесуваше 29,5 проценти, сега е намалена на 26,7 проценти.

Ова изедначување е позитивно оценето, вели Кристина Тилман и додава дека тоа е „важно за демократијата“. Но, притоа, таа предупредува дека не би смеело да има делови од земјата во кои „етаблираните партии ги прекинуваат своите активности“.

Во збивањето на редовите придонесе и АфД, затоа што до гласачката кутија ги донесе оние, кои инаку не гласаат, вели Тилман. Меѓу нив повеќе од 65 насто се скептични кон модернизацијата. Сосема поинакво прашање е дали АфД прави политичка програма за овие луѓе.

Christina Tillmann
Кристина ТилманФотографија: S. Krinke

Интеграциската сила на демократијата

Надминувањето на поделеноста ќе биде „многу важно прашање во наредните години“, смета Роберт Феркамп. Демократијата „отсекогаш имала голема интеграциска сила“. Тоа го докажувала секогаш одново, и мора да го докаже и сега.

Кога студијата беше привршувана, додава Феркамп, германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, на Денот на германското единство, во Мајнц, одржа одличен говор за ситуацијата во земјата 27 години по повторното обединување. Тој говореше за „нови невидливи ѕидови“. Феркамп вели дека тој говор многу го израдувал. Стручњаците на фондацијата Бертелсман меѓутоа се уште појасни и говорат за „поделби“ и за „конфликтни линии“, а тие покажуваа колку за Германија во наредните години ќе биде важно политичкото делување.