1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поддршка од Вулф за Авганистан

16 октомври 2011

Германија останува пријател и партнер на Авганистан, и ќе и помага на земјата и по повлекувањето на сојузничките трупи.

https://p.dw.com/p/12srV
Кристијан ВулфФотографија: dapd

Германскиот претседател Кристијан Вулф порача дека неговата земја ќе продолжи да го поддржува Авганистан и по заминувањето на сојузничките трупи од земјата. Вулф денеска пристигна во ненадејна посета на Кабул на разговори со претседателот Хамид Карзаи и претставници на организации за заштита на човекови права.

„Дојдов во Авганистан за јасно да порачам: Германија нема да го остави Авганистан“, рече Вулф.

„Ќе останеме близок и траен пријател и партнер на Авганистан по предавањето на командата над безбедноста во 2014 година“.

За декември годинава во Бон е планирана голема конференција посветена на Авганистан, и дел од агендата на Вулф е да се подготви за тој состанок.

Германија има околу 5 илјади трупи како дел од сојузничката мисија во Авганистан, но мисијата ужива многу мала популарност во Германија.

Вкупно 52 германски војници ги загубија животите досега во Авганистан.

Автор: БГ/афп

Редактор: Александра Трајковска