1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повторно одлагање на изборите во Албанија?

7 јануари 2007

Централната Изборна Комисија во Албанија соопшти дека локалните избори во оваа земја не можат да се одржат на планираниот термин на 20 јануари .

https://p.dw.com/p/Adgv
Тирана
ТиранаФотографија: DW

Претседателот на Комисијата Глирим Гјата истакна дека таа не може да ги започне подготовките за изборите , бидејќи е блокирана поради спорот меѓу власта и опозицијата во земјата . Опозициските созијалисти претходно објавија дека нема да учествуваат на изборите , обвинувајќи ја владејачката десница дека има намера да ги фалсификува изборите Албанската влада пак досека истрајуваше на ставот дека изборите треба да се одржат на 20 јануари.