Повисоки плати во „Луфтханза“
1 мај 2013Реклама
Договорот меѓу авиокомпанијата „Луфтханза“ и синдикатот Верди предвидува зголемување на платите меѓу три и 4,7 проценти, како и гарантирање на работата за вработените во „Луфтханза“ за следните 26 месеци.
Вработените во „Луфтханза“ минатите месеци организираа штрајкови на предупредување. Минатите недели беа откажани околу 1700 летови, со што беа погодени околу 150 илјади патници.
Почетното барање на синдикатот Верди беше зголемување на платите од 5,2 проценти и гаранција за работа на вработените во следните 29 месеци.
„Луфтханза“ се обидува да ги намали трошоците поради се‘ повисоките цени на горивото и конкуренцијата на поевтините авиопревозници, но и големите компании, како Етихад од Обединетите Арапски Емирати и Катар ервејз.