1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повик до лидерите на Косово и Албанија да ја посетат јужна Србија

8 јануари 2012

Албанските интелектуалци од југот на Србија ги повикаа денеска премиерите и претседателите на Косово и Албанија да ги посетат општините Прешево, Медвеѓе и Бујановац ,како што српскиот претседател Тадиќ го посети Косово

https://p.dw.com/p/13g7O
Албанците во јужна Србија не се задоволни од состојбатаФотографија: DW

Албанските интелектуалци , како што пишува агенцијата Телеграфи, сметаат дека претседателката на Косово Атифете Јахјага и премиерот Хашим Тачи треба да ги посетат тие три општини во јужна Србија во кои живеат Албанци.

Тие бараат официјалните претставници на Косово и на Албанија да вложат дипломатски напори за да ги посетат Прешево, Медвеѓе и Бујановац, тврдејќи дека Србија ги запоставува тие општини.

Според мислењето на албанските интелектуалци од југот на Србија, добар повод за посета е тоа што во март се навршуваат 20 години од референдумот на Албанците во тие три општини за обединување со Косово, како и 11- годишнината од прекинот на вооружените судири на тие простори.

Илир Мета пред две години, во својство на заменик премиер и министер за надворешни работи на Албанија, ги посети општините Прешево , Медвеѓе и Бујановац.

Автор:СН/ЕМФ/бета

Редактор: Е. М. Фиданоска