1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повеќемина странски државјани убиени во Авганистан

7 август 2010

Во Авганистан се пронајдени телата на повеќемина странски државјани. Информациите околку националноста на убиените не се целосно потврдени. Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците.

https://p.dw.com/p/OeS9
Лекар од една хуманитарна организација во АвганистанФотографија: AP

При напад на радикално-исламистичките талибански милиции со северно-авганистанската провинција Бадахшан убиени се десет соработници на христијанска хуманитарна организација. Меѓу убиените, според последните информации се наоѓа една жена со германско државјанство, шест Американци и еден британски државјанин, како и нивните двајца преведувачи. Околу националноста на жртвите имаше повеќе информации, според првичните извештаи стануваше збор за шест Германци. Талибанците соопштија дека хуманитарните работници биле убиени, бидејќи шпионирале за САД и вршеле мисионерство на христијанството. Убиените лица најверојатно биле дел од меѓународна хуманирана организација со седиште во Швајцарија, специјализирана за очни болести.

Радикално-екстремистичките талибанци ја презедоа одговорноста за убиството на странските државјани. За новинската агенција АФП, портпарол на екстремистите истакна дека тие убиле „христијански мисионери“, кои носеле библии со себе.

Групата се состоела од очни лекари

Sechs deutsche Ärzte in Afghanistan erschossen
Нападот се случил во зафрлена планинска област во северот на АвганистанФотографија: Lonely Planet Images

Еден Авганистанец го преживеал нападот во оддалечената планинска област и веднаш се упатил до најблиската полициска станица. Мртвите биле идентификувани врз основа на нивните пасоши. Преживеаниот Авганистанец ја известил полицијата дека нападнатата група во најголем дел се состоела од очни лекари.

Портпарол на министерството за надворешни работи во Берлин во меѓувреме истакна дека владата се` уште ја проверува информацијата. За таа цел амбасадата во Кабул веќе воспоставила контакт со авганистанските власти. Повеќе детаљи се` уште не се соопштуваат.

Автор: ТТ/ АТ/ дпа/ ројтерс/ афп

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема