„Повелете - запознајте ја ромската култура“ - фестивал на Ромите во Охрид
27 август 2007Во Европа денеска живеат меѓу 10 и 12 милиони Роми. Тие претставуваат најголемо малцинство.
Ретки се примерите и земјите во кои докрај Ромите ги уживаат сите права како и домицилното население, или другите малцинства. Ромите во крвта ги имаат песните и преселбите, но и патешествијата, секојдневната дискримиација, нискиот степен на образование и борбата за гол живот.
Ромите ја потсетуваат Европа дека над 10 векови се дел од европската култура
Европскиот младински форум има околу пет илјади членови од најразлични делови на Европа: од Шпанија па се до Русија. Преку ваквите собири се трудиме да обезбедиме повеќе информации и поддршка за младите Роми, за нивно полесно интегрирање во општеството во кое живеат.
Нашата популација е млада, преку 45 проценти се луѓе до 35 години, вели Адем Адеми еден од македонските претсатавници на фестивалот.
Александра Рајкова признава дека во нејзината Бугарија треба уште многу за да се подобри живото на Ромите, но смета дека Европа треба да им помогне на сите држави - Ако Европа сака да ги дели виситнските вредности со Ромите и да биде Европа за сите подеднакво, ќе треба да работи точно на човековите права. Сепак европските институции ќе ја изгубат својата моќ доколку иницијативите не бидат целосно прифатени од владите на сите земји одделно. - вели Рајкова
Македонија е вистински пример за соживот
Европа може да учи од Македонија. Оваа констатација сме ја кажале на повеќе семинари и форуми во Европа. Иако не е се идеално, односот кон Ромите е неколкупати подобар во Македонија отколку во Бугарија, констатира Александра Рајкова.
Последниве неколку години ширум Европа се спроведува декадата на Ромите со која се очекува да се подобри нивната вкупна положба на стариот континент. Ивана де Алесандро од Совето на Европа вели - Советот на Европа усвои пет препораки во делот на социјалната сфера, невработеноста, препораката за здравствената заштита, домувањето и генерланата политика кон Ромите. Овие препораки се валидни и преведени и достапни до сите влади. Советот за човекови права во Стразбур има полни раце работа кога се во прашање Ромите. - истакнува Де Александро и дополнува дека најпознат е случајот Начева против Република Бугарија. Како статистика постојат поединечни поплаки против невработеноста, домувањето, пристапот кон образованието. Има поплаки од повеќе земји до Комитетот за социјални права каде невладините организации можат да поднесат колективна жалба во однос на прекршување на човековите права во однос на потпишаната европската конвенција.
Една таква жалба беше поднесена и против Италија, каде Ромите се пожалите дека немаат подеднаков пристап при решавањето на станбеното пршање. Еден од најголемите проблеми за Ромите е асимилацијата. Де Алесандро вели - Официјално и неофицијално, ние во Советот на Европа располагаме со податок дека во Европа има околу 11 милиони Роми. Постојат држави како на пример Турција каде што проценка воопшто не е извршена, но има и такви држави каде дискриманцијата е толку голема што луѓето неможат да се изјаснат како Роми.