Победата на Хамас на палестинските избори
27 јануари 2006„Тагесшпигел„ верува во реформата на Хамас кој е одговорен за околу 60 самоубиствени напади во Израел. Коментаторот во текстот објаснува:
„ Исто така и Палестинската ослободителна организација некогаш беше терористичка. Власта менува, го изострува смисолот за реалност. Постојат многу примери за таквиот позитивен процес. Резултатот од изборите мора да биде прифатен и мора да се почитува. Но тоа во овој случај не значи и подршка. На Хамас треба јасно и конкретно да му биде дадено до знаење кои се условите за соработка. Кој нема да се откаже од насилството врз цивилите ризикува да загуби милионски суми финансиска помош од ЕУ„ читаме во „Тагесшпигел„
Коментаторот во „Нојерајн Цајтунг„ забележува:
„ Соседството на Израел станува буре барут. Во Иран владее човек кој сака да го избрише Израел од географската карта, а на палестинските територии на власт дојде радикалниот Хамас. Оваа организација исто така го порекнува правото на постоење на Израел и е одговорен за повеќе напади во таа земја. Тешките соседи и палестинските избори, благо кажано, го ставаат на тест израелското трпение. Се додека не запре насилството и додека уништувањето на Израел останува првокласна цел, Хамас не е партнер за преговори„ пишува „Нојерајн Цајтунг„
„Зиддојче Цајтунг„ на насловната страница објавува фотографија со приврзеници на Хамас кои ја слават победата со оружје во рака. Коментаторот меѓу останатото истакнува:
„ Теророт не е алтернатива за ниту една палестинска влада, па ни за Хамас. Израелската воена моќ е премногу силна. Веќе еднаш беше бомбардирано седиштето на палестинскиот претседател. Ако владата која ќе ја формира Хамас превзеде одговорностм исламистите на крај ќе мора да бараат разговори„ пишува „Зиддојче Цајтунг„
Коментаторот во „Генерал Анцајгер„ меѓу останатото поставува едно интересно прашање:
„ Во целата јаснотија, неочекуваниот успех на Хамас го поставува прашањето за важноста на демократските избори. Резултатот има вредност само доколку изборите минат во фер и мирна атмосфера. Вториот дел од прашањето тогаш автоматски се поставува, мораат ли Израел, САД, европејците, а со нив и Германија, со нив да разговараат и преговараат, се додека тие имаат за цел уништување на израелската држава. Не, тие тоа не мораат да го права и Израел со право тоа нема да го стори се додека неговата егзистенција биде оспорувана. Зошто палестинците ја користат секоја можност да ја пропуштат шансата? Прашува во коментарот весникот„ Генерал Анцајгер„